ОВР Берово, во соработка со Општина Берово, ЈУМЦСР Берово со вклучен претсавник од невладина организација , во Берово , организираа превентивно едукативна кампања за заштита, подршка и помош на жртви на семејно и родово базирано насилство.
Во временскиот период од 11:00 до 12:30 часот, на градскиот плоштад ,,Димитар Беровски” во Берово, беа делени флаери со едукативна содржина за превенција и заштита, помош и поддршка жртви на семејно и родово базирано насилство.
Родово базираното насилство, во сите негови форми, е секојдневие во животот на жените во земјава и во светот и затоа е многу важно да се работи на превенција и заштита од истото.