По повод Денот на ромите, денеска во Берово се одржа пригоден свечен настан

Пред започнување на свечената церемонија, во општинската зграда, заедно со преставници од Ромалитико, Ромактед и од ромската заедница , Градоначалникот на општина Берово,  го поставиви ромското знаме.
 По интонирањето на македонската и ромската химна, Градоначалникот Пекевски ја отвори свечената церемонија , а за значењето на денот беше прочитан краток историјат.
На настанот присуствуваа преставници од Ромактед и Ромалитико, а преку видео врска свои обраќања имаа Министерката за труд и социјална политика и градоначалниците на Делчево, Прилеп и Битола.
Пекевски им го честита денот на Ромите и посакувајќи здравје, среќа и многу успех, осврнувајќи се на на локалните проекти и инвестиции на кој работи Општина Берово а преку кои се намалува јазот во квалитетот на живеење, помеѓу ромската и неромските заедници во општината.
Овозможуваме рамномерен развој и елиминација на разликите и изолирачките процеси кои таргетираат само една малцинска група.
Како локална власт, секогаш се вклучуваме во надминувањето на проблемите и предрасудите со кои се соочуваат граѓаните од ромската заедница, а така ќе продолжиме и во иднина.
Пекевски упати благодарност до сите вклучени во имплементацијата на проекти за подобрување на животот на жителите Роми, за можноста која и се нуди на општина Берово за подобрување и унапредување на состојбите.
Продолжуваме и понатаму зеднички и сплотени напред, кон постигнување на нашите цели за инклузивно општество, во кое секој од нас има безбеден дом, мирен и достоинствен живот.
Во рамките на настанот се одржа Панел дискусија, на тема „Политики и мерки за Образование за децата Роми на локално ниво„.
Свој настап имаа децата од детската градинка и училиштата во Берово, а на најдобрите ученици Роми од основното и средното образование, им беа доделени парични награди.
Притоа парична награда од основното училиште доби Харис Чиндаров, а од средното училиште Јасмина Мустафовска.
Настанот заврши со пригоден коктел.
Горе