За прв пат во Берово, организирана ,,БОЖИЌНА ЛИТИЈА,,

Над 300 дечиња, во еден глас, славејќи го Христовото раѓање ја пееја ,,Вечниот бог” на Божиќната литија, која што за прв пат беше организирана во Берово.
Со божиќни ѕвезди во рачињата, децата тргнаа од градската црква, во правец до железара ,,Орбис,, продолжија до ,,Здравствен дом” Берово, понатаму десно до Полициската станица и се вратија до градската црква, каде што после завршувањето на литијата им беа поделени пакетчиња.
Глетката и звуците низ улиците во Берово, денеска беа вистински рај за очите, но и за душата.
Сите заедно го славиме Христовото раѓање!
Христос помеѓу нас !!!
Горе