Градоначалникот Пекевски оствари средба со претставник од Партнерската организација HELVETAS од Швајцарија

Во рамките на спроведување на активности од Програмата за зачувување на природата, денеска, во својот кабинет, Градоначалникот на Општина Берово, оствари средба со  претставникот од Партнерската организација HELVETAS, Dr. Jane Carter,  од Швајцарија.

На состанокот присуствуваа Катерина Ивановска и Јасминка Пашалиска Андоновска, претставници од Програмата за зачувување на природата и Претседателот на Совет на Општина Берово, Стево Суџуковиќ.

Присутните разговараа за постапката за прогласување на ,,Малешево” за заштитено подрачје, економскиот потенцијал на Берово,  за инфраструктурните инвестиции, користење на фондовите од прекугранична соработка и проектите во тек, можностите за развој на туризмот и унапредување на капацитетите на територијалната противпожарна единица.

Целта на овие средби, како што истакна Carter, е да се сумираат научените лекции од спроведување на активностите од Програмата, да се сумираат најважните постигнувања и да се извлечат заклучоци. Како што додаде таа, сите инволвирани страни, се задоволни од Програмата, која што овозможи пред се, почитување на мислењата на сите страни, истакнувајќи го заедничкото мислење и мислењето на јавноста како  многу важно, во унапредување на општествените процеси.

Градоначалникот Пекевски истакна благодарност за добиената поддршка, која што силно ги зајакна капацитетите на територијалната противпожарна единица, кои овозможија подобра заштита на населението. Како што додаде Пекевски, во рамките на Програмата за прекугранична соработка Бугарија- Македонија, општината е во постапка за набавка на уште едно возило, со што уште повеќе ќе се зајакнат капацитетите и тоа 365 дена во годината, со оглед на тоа што возилото е повеќенаменско. Пекевски исто така го нагласи позитивното искуство од Програмата за зачувување на природата, преку која, после долги години, се унапредени општинските услуги во делот на противпожарна заштита.

Горе