Како дел од Програмата за ПРОГРАМАТА за активностите на Општина Берово во областа на социјалната заштита за 2021 година, Општина Берово субвенционираше 88 запишани ученици во прво одделение во основните училишта и 68 запишани гимназијалци во прва година во ОСУ “Ацо Русковски“.
Субвенционирањето се однесува на прво одделенците и ученици во прва година запишани во учебната 2021/2022 година, со што од Буџетот на Општина Берово за 2021 година се исплатени 468.000 денари, или по 3.000 денари парична помош за секој ученик.
Самото субвенционирање се спроведува со цел помош на родителите пред почетокот на учебната година, како и поттик учениците да го продолжат своето средно образование во ОСУ “Ацо Русковски“ во Берово.