Хуманитарната организација “Свети Спас”, додели 30 пакет колонијални производи за социјално раниливи семејства во Берово

Хуманитарна организација “Свети Спас”, од Скопје, повторно е партнер на Општина Берово, доделувајќи 30 пакет колонијални производи, за социјално раниливи семејства во Берово.
Целта на оваа акција е да се поттикне хуманоста и емпатијата во локалната заедница, но и да се помогне онаму каде што е потребно. Не може толку лесно да се излезе од прагот на сиромаштија, но барем за момент да направиме некого посреќен и да покажеме внимание.
Хуманитарната организација “Свети Спас”, во повеќе наврати помага на социјално ранливи категории на граѓани во Берово и е наш партнер во реализирањето на активности од областа на социјална заштита.
Локалната самоуправа ќе продолжи да работи на унапредување на социјалната заштита на локално ниво, како преку организирање на хуманитарни активности, така и преку различни алатки преку општината, како еднократна помош, јакнење на капацитетите на невработените граѓани, усовршување и доедукација, со цел да бидат конкурентни и да можат да најдат работа.
Горе