Унапредување на локалните услуги, како и зацврстување на соработката на општината со локалните производители, и изработувачи на сувенири и ракотворби, во пресрет на туристичката сезона, беше темата на вчерашната средба на општинските служби со локалните произодители на здрава храна и изработувачи на ракотворби и сувенири.
На средбата беа истакнати добрите страни и пропустите во досегашната соработка и беа поставени одредени приоритети на кои сите заеднички треба да работиме а општината, како што беше речено треба да биде врската помеѓу сите чинители за успешна деловна соработка, од која сите ќе имаат одреден бенефит.
На состанокот изработувачите на ракотворби и сувенири и производителите на здрава храна изразија подготвеност за соработка и поддршка на иницијативата, се со цел промоција на општината и градот и успешна туристичка сезона, и во исто време негување на традицијата и културните вредности.
На состанокот присуствува претставници од НУ Завод и музеј Штип и Директорот др. Археолог, Митко Штерјов.
Договорена е динамика за реализација на активностите, преку почести средби, формирање на листи на локални производи, интернет промоција, при што се очекува во иднина соработката да резутира со обезбедување на нов продажен простор за локални производи, подобрување на понудата, воспоставување на добар маркетинг и се разбира успешен пласман на локалните производи.
Целта е заживување на руралните средини, зајакнување на жените како фармери претприемачи, зголемување на приходите и домашниот буџет и претставување на сите благодети на малешевскиот регион .