Во рамки на РОМАКТЕД Програмата, Општина Берово, денеска додели 30 таблети, на ученици Роми, од семејства со ниски примања или од многудетни семејства, кои наставата ја посетуваат од далечина.
Градоначалникот Пекевски, им ги предаде таблетите на учениците од основните и средните училишта посакувајќи им среќни празници, да ги користат уредите за забава и игра, но пред се, истите да им послужат за да можат да се вклучат во on line наставата.
Уредите се обезбедени во рамки на грантот за општините, кои се вклучени во Програмата, вклучително и активноста за брз одговор во услови на КОВИД 19.
Целта на РОМАКТЕД Програмата е да ги вклучи Ромите на локално ниво, врз принципот на добро локално владеење и имплементација, преку учество во процесот со формирање на Акциска група на заедницата и заеднички Акционен план.
На учениците, таблетите ќе им бидат добредојдени за посетување на on line настава и ќе допринесат до поголемо вклучување на учениците Роми во наставата.