Општина Берово ја реализира мерката за субвенционирање на набавка на енергетски ефикасни грејни тела (инвертер клима уреди и топлински пумпи), предвидена со Програмата за енергетска ефикасност на Општина Берово за 2026 година.
Денеска, средствата за одобрените субвенции,се исплатени на трансакциските сметки на 41 граѓанин од Општина Берово, чии барања ги исполнија условите утврдени во Јавниот повик.
Листата на апликанти чии барања се одобрени можете да ја погледнете на следниот ЛИНК
Со реализацијата на оваа мерка, Општина Берово продолжува да ги поддржува граѓаните во изборот и користењето на енергетски ефикасни решенија за загревање на домовите.
Се надеваме дека оваа мерка ќе придонесе кон намалување на трошоците во домаќинствата, порационално користење на енергијата, намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на квалитетот на животната средина во општината.
Инвестицијата во енергетската ефикасност, е инвестиција во почиста и поодржлива иднина за сите нас.
