Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на РМ” бр.5/2002 и “Службен Весник на РСМ” бр.202/24), а во врска со член 84 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на РМ” бр.5/2002 и “Службен Весник на РСМ” бр.202/24), Одлуката за распишување избор на членови на Совет на месна заедница на подрачјето на општина Берово Бр.08-4820/1 од 23.11.2026година и Одлуката за распишување избор на членови на Совет на месна заедница во село МачевоБр.08-4824/1од 23.11.2026 година, Градоначалникот на Општина Берово објавува:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА
СВИКУВАЊЕ НА СОБИР НА ГРАЃАНИ
ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ
НА МЕСНА ЗАЕДНИЦА ВО С.МАЧЕВО
- Градоначалникот на општина Берово ги поканува жителите на с.Мачево, да земат учество на собирот на граѓани за избор на членови на Совет на месна заедница во с.Мачево.
- Изборот за членови на Совет на меснaта заедница во селоМачевоќе се спроведe на ден 26.11.2026 година (четврток), со почеток во 19:30 часот, во просториите на ООУ “Дедо Иљо Малешевски” Берово во с.Мачево.
- Постапката за предлагање, утврдување и избор на членови на Советите на месните заедници ќе ја спроведе Комисијата за спроведување на постапка за избор на членови на Советите на месните заедници формирана од страна на Градоначалникот на општина Берово.
Бр.08-4824/2 ОПШТИНА БЕРОВО
23.11.2026 година Градоначалник
Берово Петар Ружински
