БЕРОВО ВО ЗНАКОТ НА КЛАСИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ!

CLASSIC CAR TOUR ’26 – SPA, WINE & MOUNTAIN
📅 17 октомври 2026 година (сабота)
🕛 12:00 часот
📍 Градски плоштад – Берово
Љубителите на класичните автомобили, добрата музика и убавите доживувања ги очекува посебен ден во Берово!
Во рамките на петтото јубилејно издание, на Classic Car Tour ’26 – SPA, Wine & Mountain, градскиот плоштад ќе биде домаќин на ретро и класични автомобили, кои пленат со својот уникатен стил и безвременска убавина. 🚗
Со изложба на автомобилски класици и музика за добро расположение, ве очекуваме да бидете дел од оваа несекојдневна автомобилска приказна и заедно да создадеме прекрасна атмосфера во срцето на Берово!
Дојдете да ги погледнеме автомобилските легенди, да уживаме во музиката и да ја споделиме убавината на нашето Берово!
Се гледаме на плоштад!
Горе