Градоначалникот Ружински ги посети децата од детската градинка „23 Август“ по повод Неделата на детето

По повод Неделата на детето, градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, ја посети детската градинка „23 Август“, каде што беше пречекан со искрени детски насмевки, радост и прекрасна атмосфера.

Најмладите жители на Берово подготвија прекрасна приредба, исполнета со песна, игра и детска радост, со која уште еднаш покажаа дека детската енергија е најубавиот дел од секое одбележување.

Градоначалникот Ружински, им ја честита Неделата на детето, им се заблагодари на децата за прекрасниот пречек и за приредената програма, а на вработените во градинката им упати благодарност за нивната посветеност, грижа и секојдневниот труд во создавањето безбедна, топла и поттикнувачка средина за најмладите.

Децата се нашата најголема радост и нашата најважна инвестиција во иднината. Нивната насмевка, безгрижното детство и можноста да растат, учат и се развиваат во здрава и сигурна средина, се наша заедничка грижа и обврска.

Неделата на детето е потсетник дека секое дете заслужува љубов, внимание, почит и еднакви можности, а детската насмевка е најубавиот знак дека создаваме подобра иднина за нашата заедница.

Горе