Општина Берово дел од проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“

Денеска, градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, заедно со директорката на Детската градинка „23 Август“ – Берово, Латинка Поповска, го потпишаа трипартитниот договор за соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, во рамки на проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“.

Со потпишувањето на договорот се овозможува бесплатно предучилишно образование за деца Роми од семејства во социјален ризик, со што се создаваат еднакви можности за нивен правилен раст, развој, учење и социјализација уште од најрана возраст.

Општина Берово останува посветена на создавање инклузивна и еднаква заедница, во која секое дете има право на образование, грижа и можност за развој, без разлика на неговото потекло или социјалниот статус.

Инвестицијата во децата е инвестиција во иднината на Берово

Горе