ВО БЕРОВО ОДРЖАН ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КНИЖЕВЕН ФЕСТИВАЛ „МАЛЕМАЛЕ“

На градскиот плоштад во Берово, се одржа традиционалниот книжевен фестивал „МАЛЕМАЛЕ“, културен настан кој со години ги обединува љубителите на книгата, литературата и пишаниот збор.

Овогодишното издание беше посветено на Тихомир Јанчовски – Тихо, човек кој со својата посветеност, остави трага во книжевниот и културниот живот.

Во знак на висока почит кон неговото дело и долгогодишниот придонес кон културата и книжевноста, на Тихомир Јанчовски – Тихо, постхумн,о му беше доделено ПРИЗНАНИЕ.

Фестивалот понуди прекрасна книжевна вечер исполнета со средби, разговори, творештво и почит кон пишаниот збор, потврдувајќи дека „МАЛЕМАЛЕ“ прераснuva во значаен дел од културниот живот на Берово.

Општина Берово со задоволство го поддржува овој значаен фестивал и останува посветена на поддршката на културата, книжевноста и настаните кои го збогатуваат духовниот и културниот живот на нашата заедница.

📖 „МАЛЕМАЛЕ“ продолжува да ја пишува својата приказна – со љубов кон книгата, културата и Берово.

Горе