Децата од с.Двориште и с.Будинарци добиваат нови детски игралишта, со реквизити

Најмладите жители на селата Двориште и Будинарци, добија свое мало царство на играта – место каде секоја лулашка, лизгалка и насмевка, ќе раскажуваат нови приказни за посреќно детство. Во завршна фаза, е  реализација на проектот за изградба на нови детски игралишта, со реквизити, како современи, безбедни и функционални простори, каде децата ќе можат безгрижно да играат, да се дружат и да го поминуваат своето слободно време.

Новите детски катчиња,  ќе придонесат за поквалитетно детство, ќе поттикнат физичка активност, дружење и здрав развој, а воедно ќе станат место, каде семејствата ќе создаваат нови заеднички спомени.

Создавањето подобри услови за најмладите во населените места,  е дел од заложбите на Општина Берово, за рамномерен развој на сите населени места и континуирано унапредување на квалитетот на живот.

Вкупната вредност на проектот, изнесува 1.081.352,00 денари, средства кои ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Берово за 2026 година.

Најубавото детство, се создава низ играта, смеата и безгрижните моменти. Секоја нова лулашка, секоја лизгалка и секој детски чекор, се уште една инвестиција,  во среќните спомени и иднината на нашите деца.

Горе