Одржана работна средба со локалната бизнис заедница во Општина Берово

Во организација на Општина Берово, денеска се одржа работна средба со претставници на локалната бизнис заедница, со цел воспоставување континуиран дијалог помеѓу локалната самоуправа и деловниот сектор и заедничко креирање на мерки за подобрување на деловната клима во општината.

На средбата присуствуваа гпретставници на компании и деловни субјекти, кои покажаа исклучителен интерес, активно да се вклучат во процесот на креирање политики и иницијативи, што ќе придонесат за локалниот економски развој.

Во конструктивна и пријателска атмосфера беа отворени повеќе значајни прашања поврзани со условите за работење, предизвиците со кои се соочуваат компаниите, потребите за унапредување на деловното окружување, како и можностите за создавање нови развојни иницијативи. Присутните ги истакнаа своите приоритети, предложија конкретни идеи и дадоа насоки за подобрување на соработката помеѓу локалната самоуправа и бизнис секторот.

Особен акцент беше ставен на потребата од креирање услови за развој на претприемништвото, поддршка на локалните компании, привлекување нови инвестиции, инкубација на нови бизниси, задржување на младите и создавање поволна деловна средина, која ќе придонесе за економски раст на Општина Берово.

Како резултат на средбата, беше договорено воспоставување редовна динамика на работни состаноци, преку кои ќе се разгледуваат актуелните потреби на стопанството, ќе се развиваат заеднички иницијативи и ќе се креираат конкретни предлози и проекти за економски развој на општината.

Општина Берово останува посветен партнер на локалната бизнис заедница и ќе продолжи да создава простор за отворена комуникација, меѓусебна доверба и заедничко планирање на идните развојни процеси.

Горе