Утре (14.5.2026 година), Советот на Општина Берово ќе ја одржи 11-тата седница

 Утре (14.5.2026 година), со почеток во 08:00 часот, Советот на Општина Берово, ќе ја одржи единаесеттата седница на Совет,   со следните точки на дневен ред:                                               

  1. Записник од 9-та Седница на Совет на Општина Берово;
  2. Записник од 10-та Седница на Совет на Општина Берово;
  3. К1 – Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Берово за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2026 година до 31.03.2026 година (прв квартал);
  4. К2 – Квартален извештај за достасани и ненамирени обврски за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2026 година до 31.03.2026 година (прв квартал);
  5. Измена на Годишен план за вработување на Општина Берово за 2026 година;
  6. Предлог Р Е Ш Е Н И Е за формирање на комисија/работно тело за процена на состојбата на парковските дрва и дрва на јавна површина;
  7. Предлог Измена на Програмата на Општина Берово од областа на образованието за 2026 година;
  8. Предлог Измена на Програма за активностите на општина Берово во областа на културата за 2025 година;
  9. Предлог Правилник за начинот и посебните критериуми за доделување на парични награди за освоено место/награда на државен или меѓународен натпревар на ученици и ментори во ОСУ„Ацо Русковски“ – Берово, ООУ„Дедо Иљо Малешевски “ Берово и ООУ„Никола Петров Русински“ с. Русиново, Берово;
  10. Предлог Одлука за дополнување на Одлуката за продолжување на работно време на угостителски објекти за одредени туристички, културни и друг вид манифестации во општина Берово за 2026 година;
  11. Предлог измена и дополнување на Програмата за комунални дејности на Општина Берово за 2026 година;
  12. Предлог измена и дополнување на Програмата за изградба, доизградба и реконструкција на локални патишта и улици во Општина Берово за 2026 година;
  13. Предлог измена на Програма за одржување на јавна чистота на подрачјето на Општина Берово за 2026 година;
  14. Предлог измена и дополнување на Програма за активностите на Општина Берово за заштита и спасување за 2026 година;
  15. Измена на З А  К  Л  У  Ч  О  К за одобрување на План на програми за развој на Општина Берово;
  16. Предлог Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Берово за 2026 година;
  17. Предлог измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Берово за 2026 година;
  18. Предлог О Д Л У К А за резервирани средства за експропријација во Буџетот на Општина Берово за 2026 година;
  19. Предлог ОДЛУКА за Донесување на „Измена и дополна на УПВНМ за Беровско езеро“,  на дел од Урбан блок 2, Општина Берово;
  20. Предлог Одлука за почеток на изработка на УП со намена А4 Викенд куќи за Времено сместување – ОЛИВЕР РАДИЧЕВСКИ Скопје;
  21. Предлог Одлука за почеток на изработка на УП со намена А4-3 Викенд куќи со најмогу 3 станбени единици во локалитет Абланица – ГАБРИЕЛА МЛАДЕНОВСКА ПЕШОВСКА и ВЛАДИМИР ПЕШОВСКИ од Скопје;
  22. Предлог Одлука за почеток на изработка на УП за инфраструктура E1.8 – Водови за пренос на електрична енергија – Каблирање на дел од 10(20) кV кабелски вод „Села 2“, делница од отцепен столб за ТЦ 10/0,4 kV Малеш Енергија до отцеп за село Смојмирово, Општина Берово;
  23. Советнички иницијативи и прашања;
  24. Барања од институции и граѓани.
Горе