По повод одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание, денеска, со достоинство и почит, им беше оддадена чест, на хероите кои ја започнаа борбата за слобода .

Разловечкото востание, останува траен симбол на храброста, пожртвуваноста и непокорот на македонскиот народ, а споменот за неговите учесници, продолжува да живее и денес. Пред споменикот на Димитар Беровски во Берово беа положени цвеќиња, од страна на присутните делегации, институции и граѓани, со што беше изразена благодарност и почит кон сите, кои се бореле за слободата на татковината. Во рамките на одбележувањето, се одржа и историски час, преку кој присутните имаа можност да се потсетат на значењето на Разловечкото востание и неговото место во македонската историја.

Со ваквите настани, ја чуваме историската вистина и ја пренесуваме љубовта кон татковината на младите генерации. Одбележувањето на овој значаен јубилеј, е потсетник дека слободата, единството и достоинството, се вредности кои треба вечно да ги негуваме и почитуваме.
Разловечкото востание било првиот силен пламен што ја осветлил македонската револуционерна борба. Тоа било доказ, дека Македонија има свои синови, подготвени да се жртвуваат за неа.
Денеска, 150 години подоцна, ние не смееме да заборавиме дека слободата што денес ја живееме, е платена со крвта на нашите херои. Не смееме да дозволиме времето да ги избрише нивните имиња и нивната жртва.

По повод одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание, денеска, со достоинство и почит, им беше оддадена чест, на хероите кои ја започнаа борбата за слобода .

Разловечкото востание, останува траен симбол на храброста, пожртвуваноста и непокорот на македонскиот народ, а споменот за неговите учесници, продолжува да живее и денес. Пред споменикот на Димитар Беровски во Берово беа положени свежи цвеќиња, од страна на присутните делегации, институции и граѓани, со што беше изразена благодарност и почит кон сите, кои се бореле за слободата на татковината. Во рамките на одбележувањето, се одржа и историски час, преку кој присутните имаа можност да се потсетат на значењето на Разловечкото востание и неговото место во македонската историја.