Велигден во Берово – празник на радост, љубов и заедништво

Општина Берово Ве поканува да го одбележиме најголемиот христијански празник – Велигден, во дух на радост, љубов и заедништво!

📍 Плоштад „Димитар Беровски“
📅 12.4.2026 (недела)

Дојдете, заедно да споделиме насмевки, детска игра и топлина во едно незаборавно празнично доживување.
Со културна програма, изложби на велигденски јајца, натпревари, музика и награди,  ќе го оживееме духот на празникот кој носи надеж и нов почеток.

Учениците вклучени во Програмата ЦКА-ПХВ од Берово,  организираат хуманитарна акција, за собирање средства за набавка на специјална лулашка за лица со попреченост.

Лулашката ќе биде поставена во Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост, со цел да овозможи повеќе радост, игра и еднакви можности за сите.

❤️ ПОДРЖЕТЕ ЈА АКЦИЈАТА!
Секоја донација создава насмевка и гради поинклузивна заедница.

Да ја споделиме радоста од Христовото воскресение и да создадеме спомени што ќе останат во срцата на сите генерации. ✨

Горе