Во завршна фаза се активностите за изградба на нова пристапна улица – крак од ул. „Мирче Ацев“, во централното градско подрачје во Берово.

Улицата е изведена со бехатон плочки, во должина од 30 метри и широчина од 3 метри, со што се обезбедува поквалитетен и побезбеден пристап за жителите и посетителите.
Со оваа активност се подобрува уреденоста и проодноста во овој дел од градот, овозможувајќи полесно движење за пешаците и возилата. Вградените бетонски рабници, дополнително придонесуваат за јасно дефинирање на улицата и поголема стабилност на површината.

Општина Берово продолжува со активности насочени кон модернизација и уредување на јавниот простор.
