Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Берово, распишува:
Jавен повик за членство во Локалното собрание на млади
Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:
• Да имаат активности на територијата на Општина Берово;
• Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик;
• Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општина Берово и да се на возраст од 15 до 29 години.
Пријавување: Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи на имејл: [email protected] или да ги поднесат во архивата на Општина Берово, ул. Димитар Влахов бр. 10, Берово, со ознака Апликација за членство во Собранието на Советот на млади, секој работен ден до 15.30 часот.
Задолжителни документи:
1. Портфолио за работата на организацијата.
2. Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади, но не повеќе од 1 страница.
3. Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Берово.
4. Номинација на делегат/ка и заменик-делегат/ка со контакт-детали за претставниците.
Рокот за пријавување е од 24.03.2026 година до 03.04.2026 година.
Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање Локално собрание на млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Берово.
За повеќе информации околку повикот може да се обратите на следните контакти:
Тел: 033/470-057,
Emejl: [email protected]
Градоначалник на Општина Берово
Петар Ружински
