Одржана пролетна трка во Берово

Во организација на Општина Берово, а во соработка со основните училишта и средното училиште во Берово, успешно се одржа традиционалната пролетна трка, која собра голем број млади учесници и љубители на спортот.

Учениците се натпреваруваа во повеќе категории, поделени на девојчиња и момчиња, покажувајќи спортски дух и фер-плеј.

Од страна на Општина Берово,  беа доделени дипломи за освоено прво, второ и трето место, како и парични награди:

  • 2000 денари за прво место
  • 1500 денари за второ место
  • 1000 денари за трето место

Притоа по категории, наградени беа следниве ученици:

Категорија ученици од прво одделение 50/70 метри

Девојчиња:

  1. Јана Кофчегарска
  2. Елена Пеовска
  3. Шехерезада Дестанова

Момчиња:

  1. Алексеј Аврамски
  2. Ѓорѓи Тачунски
  3. Мартин Стајковски

Категорија ученици од второ и трето одделение на 100 метри

Девојчиња:

  1. Ева Страторска
  2. Ангела Белчовска
  3. Бојана Петровска

Момчиња:

  1. Јаков Костевски
  2. Алијан Арифовски
  3. Бојан Вангелов

Категорија ученици од четврто и петто одделение на 150 метри

Девојчиња:

  1. Јана Трнковска
  2. Сара Поповски
  3. Моника Стаменковска

Момчиња:

  1. Мухамед Мухаџери
  2. Васил Аврамски
  3. Кристијан Марковски

Категорија ученици од шесто и седмо одделение на 150 метри

Девојчиња :

  1. Марија Крстовска
  2. Фросина Боболинска
  3. Шавера Цупевска

Момчиња:

  1. Бојан Карбински
  2. Марко Џингарски
  3. Васко Белчовски

Категорија ученици од осмо и деветто одделение на 200 метри

Девојчиња

  1. Невенка Стојчовска
  2. Ана Пеловска
  3. Катерина Сачкарска

Момчиња

  1. Филип Костевски
  2. Давид Марковски
  3. Петар Букушовски

Категорија ученици од средното училиште на 300/400 метра

Девојчиња

  1. Јана Тодоровска
  2. Ева Тодоровска
  3. Сара Стаменковска

Момчиња

  1. Драган Буровски
  2. Марио Сивевски
  3. Павел Мечкарски

Честитки до сите учесници,  упати градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој истакна дека спортот е една од најважните навики за здрав и квалитетен живот, особено кај младите.

👏 Браво за сите учесници и организатори – Берово продолжува да живее во духот на спортот и здравите вредности!

Горе