Во просториите на Општина Берово, денеска, се одржа координативна средба со претставници на сите релевантни институции и организации, вклучени во системот за превенција и справување со шумски пожари.

На средбата присуствуваа претставници од ЈП „Национални шуми“, Шумската полиција, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ТППЕ Берово, Здруженија на граѓани, Здравствен дом Берово, како и МВР Берово.
Целта на средбата беше зајакнување на меѓуинституционалната координација, навремена размена на информации и унапредување на подготвеноста за брзо и ефикасно реагирање, при евентуална појава на шумски пожари.

Присутните дискутираа за досегашните искуства, предизвиците на терен, како и потребата од подобрување на комуникацијата и координацијата помеѓу службите.
Во рамки на средбата, беа договорени и идни активности, меѓу кои: изработка на заеднички оперативен план за делување, организирање на теренски вежби и симулации, спроведување на едукативни кампањи за подигање на јавната свест, како и зајакнување на техничките и човечките капацитети на надлежните служби.
Со вакви координирани пристапи, Општина Берово и сите релевантни претставници на институциите, ја потврдуваат својата посветеност кон заштита на шумските ресурси и безбедноста на граѓаните, пред се.

