Конституиран Општинскиот совет за социјална заштита во Берово

Денеска, во салата на Советот на Општина Берово, се одржа Конститутивната седница на Општинскиот совет за социјална заштита.
На седницата присуствуваа претставници од општинската администрација, Дом за стари лица, образовните институции, Центарот за социјална работа, Агенција за вработување, МВР, ОЈО, Црвениот крст и верските заедници.
На седницата, за претседател на Општинскиот совет за социјална заштита, едногласно, беше избрана Биљана Марковска, раководител на Одделението за јавни дејности, при Општина Берово.
Исто така, се разговараше за планираните активности и мерки, од Програмата за социјална заштита на Општина Берово, со цел подобрување на поддршката и грижата за граѓаните, на кои им е потребна.
Советот ќе работи на координација и унапредување на социјалните политики и активности во општината, со цел создавање подобри услови и поголема грижа за сите категории граѓани.
🤝 Заедничката соработка на институциите, е клучна, за посилна и похумана заедница- истакна Градоначалникот Петар Ружински.
Горе