Со 14 гласа ЗА и еден воздржан од гласање, денеска е усвоена Завршната сметка на Буџетот на Општина Берово за 2025 година.
Со овој документ, се дава целосен преглед на реализираните приходи и расходи, во текот на изминатата буџетска година, како и финансиското работење на општината.
Завршната сметка претставува годишен финансиски извештај, преку кој се прикажува степенот на реализација на планираните средства и начинот на нивната распределба, по програми и активности.
Завршната сметка на Буџетот на Општина Берово, за 2025 година, е достапна на следниот линк:
ЗАВРШНА СМЕТКА на Буџетот на Општина Берово за 2025 година
Со неа се овозможува транспарентен увид во трошењето на буџетските средства и се оценува успешноста во спроведувањето на општинските политики и проекти.
Со донесување на Завршната сметка, официјално се заокружува финансиското работење на Општина Берово, за 2025 година.
