Советот на Општина Берово, утре, ќе ја разгледува Завршната сметка на Буџетот за 2025 година

На утрешната седница на Советот на Општина Берово, пред советниците, ќе се најде Завршната сметка на Буџетот на Општина Берово за 2025 година. Со овој документ се дава целосен преглед на реализираните приходи и расходи, во текот на изминатата буџетска година, како и финансиското работење на општината.

Завршната сметка претставува годишен финансиски извештај, преку кој се прикажува степенот на реализација на планираните средства и начинот на нивната распределба, по програми и активности.

Со неа се овозможува транспарентен увид во трошењето на буџетските средства и се оценува успешноста во спроведувањето на општинските политики и проекти.

По разгледувањето и дискусијата, советниците ќе гласаат за усвојување на Завршната сметка, со што официјално ќе се заокружи финансиското работење на Општина Берово за 2025 година.

Покрај завршната сметка, на дневен ред, ќе се најдат и следните точки:

  1. Записник од 7-та Седница на Совет на Општина Берово;
  2. Завршна сметка на Буџетот на Општина Берово за 2025 година;
  3. Годишен Извештај на Општина Берово за 2025 година (годишна сметка, извештај за средствата, побарувањата, обврските и изворите на средства и нивната вредност, извештај за реализацијата на инвестиционите програми, наменските, капиталните и блок дотации и дотациите за делегирани надлежности и извештај од одговорниот сметководител со кој ја потврдува точноста и веродостојноста на годишната сметка);
  4. Годишен Извештај за користење на средствата од резервите од Буџетот на Општина Берово за 2025 година;
  5. Финансиски извештај од Завршна сметка на ОСУ “Ацо Русковски” Берово за 2025 година – сметка за наменска дотација 7020105363903-19;
  6. Финансиски извештај од Завршна сметка на ОСУ “Ацо Русковски” Берово за 2025 година – сметка за самофинансирачки активности 7020105363787-14;
  7. Финансиски извештај од Завршна сметка на ОСУ “Ацо Русковски” Берово за 2025 година – сметка за донации од приватни компании за промена на столарија на прв кат – 7020105363785-89;
  8. Финансиски извештај од Завршна сметка на ОСУ “Ацо Русковски” Берово за 2025 година –донаторска сметка ЕРАЗМУС + 2024 – 1 – МК01-КА122 – 7020105363785-74;
  9. Финансиски извештај од Завршна сметка на ОСУ “Ацо Русковски” Берово за 2025 година –донаторска сметка ЕРАЗМУС + РЕГ.БР.2020-1- за сметка 7020105363785-60;
  10. Финансиски извештај од Завршна сметка на ОСУ “Ацо Русковски” Берово за 2025 година –донаторска сметка ЕРАЗМУС 2016 -1-МК01-КА102 за сметка 7020105363785-17;
  11. Финансиски извештај од Завршна сметка на ОСУ “Ацо Русковски” Берово за 2025 година за сметка од Општина Берово 7020105363603-17;
  12. Финансиски извештај од Завршна сметка на ООУ “Никола Петров Русински” с.Русиново, Берово за 2025 година, сметка за наменска дотација 702010534790313;
  13. Финансиски извештај од Завршна сметка на ООУ “Никола Петров Русински” с.Русиново, Берово за 2025 година, сметка за самофинансирачки активности 702010534778719;
  14. Финансиски извештај од Завршна сметка на ООУ “Никола Петров Русински” с.Русиново, Берово за 2025 година, сметка за донации 702010534778511;
  15. Финансиски извештај за реализирани приходи и расходи во 2025 година на сметка 702010535590316 за наменска дотација во ООУ “Дедо Иљо Малешевски” Берово;
  16. Финансиски извештај за реализирани приходи и расходи во 2025 година на сопствена сметка 702010535578711 во ООУ “Дедо Иљо Малешевски” Берово;
  17. Финансиски извештај за реализирани приходи и расходи во 2025 година на ОЈУСЗСЛ “д-р Иван Влашки” Берово сметка за самофинансирачки активности (787);
  18. Финансиски извештај за реализирани приходи и расходи во 2025 година на ОЈУСЗСЛ “д-р Иван Влашки” Берово сметка на буџет на дотации (903);
  19. Финансиски извештај за реализирани приходи и расходи во 2025 година на ОЈУСЗСЛ “д-р Иван Влашки” Берово сметка на основен буџет;
  20. Финансиски извештај за реализирани приходи и расходи во 2025 година на ОЈУСЗСЛ “д-р Иван Влашки” Берово сметка на донации 702016250278515;
  21. Финансиски извештај од Завршна сметка за сопствена сметка -702010221678710 – Програма В1 на ОЈУДГ “23 Август” Берово;
  22. Финансиски извештај од завршна сметка за блок дотација – 702010221690315 – Програма В1 на ОЈУДГ “23 Август” Берово;
  23. Финансиски извештај од завршна сметка за Инклузија на деца роми – 702010221678513 – Програма В1 на ОЈУДГ “23 Август” Берово;
  24. Финансиски извештај од завршна сметка за сметка на основен буџет на буџетски корисници – 702010221660313 на ОЈУДГ “23 Август” Берово;
  25. Финансиски извештај за завршна сметка на Дом на културата “Димитар Беровски” Берово за сметка на наменски дотации 702011004990312;
  26. Финансиски извештај за завршна сметка на Дом на културата “Димитар Беровски” Берово за сметка на самофинансирачки активности 702011004978718;
  27. Финансиски извештај за завршна сметка на Дом на културата “Димитар Беровски” Берово за буџетска сметка 702011004960310;
  28. Годишен Извештај за работа на ЈПКР “Услуга” Берово за 2025 година;
  29. Годишен финансиски извештај за работа на ЈПКР “Услуга” Берово за 2025 година;
  30. Елаборат за процена на штети од елементарни непогоди – врнежи од град;
  31. Предлог О Д Л У К А за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Берово во реализација на проектот -„Основен проект за санација на кров на Културен дом во с. Будинарци, Општина Берово“;
  32. Предлог О Д Л У К А за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Берово во реализација на проектот – “Реконструкција на улица „Вељко Влаховиќ“ во Берово;
  33. Предлог О Д Л У К А за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Берово во реализација на проектот- „Оградување и партнерно уредување на дел од локален пат „Берово-Абланица” преку Црвен брег Берово;
  34. Предлог О Д Л У К А за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Берово во реализација на проектот -„Реконструкција на крак1 и крак 2 од ул. 15 Корпус во Берово“;
  35. Предлог О Д Л У К А за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Берово во реализација на проектот – „Изградба на потпорен ѕид на ул. „Маршал Тито“- Берово;
  36. Предлог О Д Л У К А за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Берово во реализација на проектот – „Реконструкција на дел од улица Дамјан Груев во с. Владимирово, Општина Берово“;
  37. Советнички иницијативи и прашања;
  38. Барања од институции и граѓани.
Горе