Со победа на АРМ, заокружени Работничките спортски игри во Берово

Во возбудлива, финална, спортска вечер, исполнета со борбеност, навивање и фер игра, во преполната спортската сала „Македонски бранители“ во Беровo,свечено, се заокружени Работничките спортски игри 2026, на кои победата ја однесе, екипата на АРМ🏆 .
Во текот на натпреварите, владееше пријатна и фер спортска атмосфера, а сите екипи покажаа голема посветеност и спортски дух.
Второто место го освои екипата на Приватни фирми и угостители ⚽, додека третото место и припадна на екипата на Образование ⚽
Покрај екипните, беа доделени и индивидуални награди:
⚽За најдобар голман, беше прогласен Кире Вагадински
⚽За најдобар играч Петар Пачарски
⚽Титулата најдобар стрелец, ја понесе Александар Мишовски
⚽Признанието – ветеран на игрите, му припадна на Ѓорѓи Црневски
За поддршката и успешната реализација на настанот, беа доделени благодарници на:
⚽Работничките спортски игри и оваа година потврдија дека спортот е вистински начин за дружење, зајакнување на тимскиот дух и создавање убави заеднички моменти, во локалната заедница.
Горе