Во спортската сала „Македонски Бранители“, во Берово, во организација и под покровителство на Општина Берово, започнаа Работничките спортски игри 2026 – турнир во мал фудбал, каде екипите го одиграа првото коло со интересни и неизвесни натпревари.
Резултати од првото коло:
- Образование – МВР 4:2
Екипата на Образование стартуваше сигурно и со ефикасна игра, успеа да го совлада МВР со резултат 4:2. - АРМ – Фагус и Национални шуми Пехчево 2:0
АРСМ прикажа цврста игра и со два погодоци обезбеди победа од 2:0. - Општина Берово и Здравствен дом – Приватни фирми и угостители 0:1
Во израмнет натпревар, Приватни фирми и угостители славеа минимална победа од 1:0. - Труд и социјала – Роми 1:1 (по пенали 3:2)
По нерешени 1:1 во регуларниот дел, победникот беше решен по изведување пенали, каде Труд и социјала беа поуспешни со 3:2.
Првото коло донесе борбен дух, фер-плеј и голема поддршка од публиката, најавувајќи возбудлива сезона во рамки на РСИ 2026.

Денес на програмата – Второ коло (23.02, понеделник)
Натпреварите од второто коло ќе се одиграат денеска, со следниот распоред:
- 🕡 18:30 ч. – Фагус и Национални шуми Пехчево – Приватни фирми и угостители
- 🕖 19:00 ч. – Образование – Труд и социјала
- 🕢 19:30 ч. – АРМ – Општина Берово и Здравствен дом
- 🕗 20:00 ч. – МВР – Роми

Ги покануваме сите љубители на спортот, да присуствуваат и да ги поддржат своите фаворити, во продолжението, во рамки на второто коло од Работничките спортски игри во Берово.
