ОПШТИНА БЕРОВО ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА
ЈАВЕН ПОВИК
за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на ReLOaD3 програмата во Општина Берово
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) е продолжение на партнерството на ЕУ – УНДП и претходно поддржаните иницијативи ReLOaD1 и ReLOaD2 што се спроведоа во период 2017-2024 год и се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија.
ReLOaD3 програмата ќе трае до јануари 2029 и има за цел јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку создавање на поповолна средина за граѓанските организации (ГО), со поддршка на транспарентно јавно финансирање, поттикнувачка правна рамка, како и зголемено граѓанско учество во креирањето, спроведувањето и следењето на јавните политики.
Во програмата се вклучени 5 општини: Аеродром, Берово, Кавадарци, Центар и Штип.
Општина Берово објави Јавен повик во рамките на ReLOaD3 програмата за предлог проекти од граѓанските организации. Повикот беше објавен на 05.02.2026 и ќе трае до 05.03.2026, при што евалуацијата на пристигнатите предлог проекти е планирана да се одржи во март 2026 година. Времетраењето на евалуацијата ќе зависи од бројот на добиени предлог проекти, но се очекува да трае од 3-5 дена.
За да се обезбеди транспарентен и отворен процес на селекција на предлог проектите од граѓанските организации за доделување на грант во рамките на ReLOaD3 програмата, Општина Берово во соработка со УНДП објавува Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проектите поднесени од граѓанските организации во рамките Јавниот повик кој е објавен во Општина Берово.
Претставникот на граѓанските организации во Комисијата за евалуација ќе ги има следниве должности и обврски:
- ќе биде набљудувач во Комисијата за евалуација без право на глас;
- ќе потпише Изјава за доверливост и непристрасност и нема да споделува никакви информации околу процесот на евалуација;
- ќе биде присутен за целото времетраење на евалуацијата од почеток до крај;
- во случај на неможност да присуствува, на местото на претставникот на граѓанските организации ќе дојде заменик, при што заменикот ќе ја преземе улогата на набљудувач – претставник на граѓанските организации;
- ќе го потпише Извештајот на Комисијата за евалуација, кој ќе ги резимира наодите од евалуацијата на предлог проектите.
Кандидатот за набљудувач во Комисијата за евалуација мора да биде член и/или постојано вработено лице во граѓанска организација што е законски основана согласно Законот за здруженија и фондации. Пожелно е кандидатот да има:
- претходно искуство и вештини за спроведување на евалуација на предлог проекти од граѓански организации. Искуство со грантови доделени од ЕУ ќе се смета за предност;
- искуство во подготвување и/или имплементација на проекти финансирани од јавни средства;
Кандидатите мора да ги достават следниве документи по електронски пат на opstinaberovo@berovo.gov.mk
- писмо за искажување интерес со куса биографија – со кое ќе се искаже интерес за учество во Комисијата за евалуација како набљудувач (писмото не треба да е подолго од една страница)
- Изјава на овластеното лице на граѓанската организација, со која се овластува кандидатот да ја претставува таа граѓанска организација во Комисијата за евалуација.
Претставникот на граѓанските организации ќе работи на доброволна основа/без финансиски надомест.
Граѓанската организација од која доаѓа претставникот што ќе биде избран за член на комисијата за евалуација, независно дали истиот е член или постојано вработен во организацијата, НЕ МОЖЕ да аплицира на јавниот повик во рамките на ReLOaD3 програмата кој го објави Општинa Берово, ниту како носител на проект, ниту како партнер.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 02.03.2026 до 15:00 часот.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме обратете се кај лицето Ѓорѓи Пеовски на ([email protected])
