РСБСП со превентивно-едукативни активности за одговорно однесување во сообраќајот

Во текот на изминатиот викенд, во Берово, беше реализирана координирана превентивно-едукативна активност, од страна на Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Берово, како и со СВР и ОВР Берово.

Активноста беше спроведена со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на јавната свест за ризиците од неодговорно однесување на патиштата. Истата се реализираше под слоганот „Вози безбедно, вози со љубов – Секој живот е важен“, при што преку непосредна комуникација со возачите, беа упатени апели за одговорно и совесно учество во сообраќајот.

Во рамки на активноста беа дистрибуирани едукативни флаери, со пораки за да не се  консумира алкохол пред управување со моторно возило, како и за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста и заштита на човечките животи.

„Возете одговорно – затоа што секој живот е важен“ и „Ако пиеш, не вози, ако возиш, не пиј – затоа што секој живот е важен“,  беа пораките што заеднички ги упатија надлежните институции, нагласувајќи дека безбедноста во сообраќајот,  е заедничка одговорност на сите учесници.

Горе