Денеска, заедно со претставници од ТППЕ Берово, официјално, ја примивме донацијата – специјално противпожарно возило, донирано од Доброволното противпожарно друштво Битње, Република Словенија, кое претставува донација, од исклучително значење за унапредување на системот за противпожарна заштита во општината.

Посебна благодарност, упатувам до пратеничката и наша сограѓанка, госпоѓа Сандра Газинковска, која со својата лична заложба, имаше клучна улога во реализацијата на оваа донација и во поврзувањето на нашите заедници.
Благодарност до градоначалникот на Општина Крањ, за срдечниот прием и до претставниците на Доброволното противпожарно друштво Битње, за донацијата и за отвореноста и подготвеноста за соработка.


Вашата посветеност и отвореност, е пример за хуманост и општествена одговорност.
Уверен сум дека возилото ќе овозможи поефикасно и побрзо справување со пожарите и ќе придонесе за поголема безбедност на нашите сограѓани, како и за заштита на нашите природни богатства.
Верувам дека оваа донација претставува продолжување на искреното пријателство и плодната соработка меѓу нашите општини, која во иднина ќе се продлабочува преку нови заеднички иницијативи и проекти од заемен интерес.
