Честитки до нашите млади спортски надежи – државни стипендисти во спорт

🏆 Со голема гордост, упатуваме искрени честитки, до младите и исклучително талентирани спортисти Драган Буровски, Али Голиќ, Јован Пармачки и Моника Стајковска од Берово, како и до Бојана Јовевска од Пехчево, кои се избрани меѓу 500 најдобри млади спортисти – стипендисти, во областа на атлетика и пинг-понг.

Искрени честитки и до нивните ментори, кои со својата посветеност, стручност и континуирана поддршка, се клучен фактор, во развојот и успехот на овие млади спортски надежи.

Стипендиите се доделуваат од страна на Министерството за спорт, во рамки на државниот проект „Спортска надеж“, кој обезбедува финансиска поддршка, за спортисти до 20 години, македонски репрезентативци и членови на националните селекции во сите спортови.

Свеченото доделување на стипендиите се одржа вчера, во Македонската опера и балет, во рамки на манифестацијата „Спортист на годината 2025“, која ја афирмира посветеноста, дисциплината и врвните спортски достигнувања.

Овие млади спортисти, се доказ дека со напорна работа, истрајност и верба во сопствените способности, успехот е достижен.
Општина Берово изразува особена гордост, што нашите млади луѓе, се препознаени на национално ниво и што достојно го претставуваат својот град и државата.

Им посакуваме многу здравје, спортски успеси и уште поголеми достигнувања во иднина, со уверување дека локалната самоуправа ќе продолжи да биде нивна поддршка на патот кон врвот.

Горе