Во врска со Јавниот повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови во Надзорен одбор при ЈПКР “Услуга” Берово Бр.09-4634/2 од 25.12.2025 година, се известуваат кандидатите кои ја имаат поминато првата фаза – административна селекција, дека втората фаза од постапката – интервју, ќе се одржи на ден 16.01.2026 година, во просториите на Општина Берово, на ул. “Димитар Влахов” бр.10 во Берово, со почеток во 11:00 часот.
Во прилог ја објавуваме Нацрт – листата на кандидати кои ја имаат поминато првата фаза административна селекција. Во врска со истата можете да побарате увид во однос на бодувањето на доказите кои ги имате доставено кон пријавата и да и укажете на Комисијата за несоодветност во однос на бодувањето.
Во прилог: НАЦРТ ЛИСТА НА КАНДИДАТИ КОИ ПОМИНАЛЕ ФАЗА 1 АДМИНИСТРАТИВНА СЕЛЕКЦИЈА
Врз основа на член 5 став (6) од Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите (“Службен Весник на РСМ” бр.213/2024), Комисијата за селекција за избор на членови во Надзорен одбор при ЈПКР “Услуга” Берово, изготвува:
НАЦРТ ЛИСТА НА КАНДИДАТИ КОИ ПОМИНАЛЕ ФАЗА 1 АДМИНИСТРАТИВНА СЕЛЕКЦИЈА
- Првата фаза – административна селекција, по објавен Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови во Надзорен одбор при ЈПКР “Услуга” Берово Бр.09-4634/2 од 25.12.2025 година, ja поминале следните кандидати:
| Услов: еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство | ||
| Реден број | Име и презиме | Бодови |
| 1. | Љупчо Дракалски | 25 бода |
| Услов: еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење | ||
| 1. | Славчо Страторски | 25 бода |
| Услов: еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи. | ||
| 1. | Зоран Сирачевски | 24 бода |
Кандидатите, најдоцна 24 часа од денот на објавувањето на записникот и оваа нацрт-листа, можат да побараат увид во однос на бодувањето на доказите кои ги имаат доставено кон пријавата и да и укажат на Комисијата за несоодветност во однос на бодувањето.
Бр.19-85/2 Комисијата за селекција за избор на членови во Надзорен одбор
09.01.2026 година при ЈПКР “Услуга” Берово
Берово
1.м-р Анита Рунтевски с.р.
2.Емилија Ваканска с.р.
3.Зорица Мамучевска с.р.
