Берово е подготвено за новогодишните и божиќните празници

Берово е целосно подготвено да ги пречека новогодишните и божиќните празници во празничен дух и топла зимска атмосфера.

Градот е украсен со убаво новогодишно осветлување и разни светлечки реквизити, кои внесуваат радост и сјај на секој агол.

Улиците, плоштадот, кејот на река Брегалница и јавните површини,  блескаат во празнична светлина, создавајќи пријатен амбиент, кој го прави Берово вистински топло и гостопримливо место, примамливо за туристите и сите оние кои сакаат да ги доживеат празниците во убава, мирна и автентична зимска атмосфера.

Во празничен и магичен новогодишен амбиент, Берово е целосно подготвено да ги пречека претстојните празници и дочекот на Новата 2026 година.

Со светлина, топлина и празничен сјај, градот ќе биде блескав дом за своите граѓани и срдечен, впечатлив домаќин за сите туристи, кои ќе одберат да ја почувствуваат новогодишната магија во Берово. ✨🎄

ПРОГРАМА ЗА ПРЕСТОЈНИТЕ ДЕНОВИ

📅 02.01.2026 (петок)

🕛 12:00 часот

Настап на Кристијан Бенито

Пристигнување на Дедо Мраз и доделување на пакетчиња за сите дечиња

Забава со DJ BONO & DJ TAMMY

Локација: Плоштад ,,Димитар Беровски”

 

📅 07.01.2026 (среда)

🕛 12:00 часот

Ана и Пријателите

Локација: Плоштад ,,Димитар Беровски”

Горе