Врз основа на член 19 став 2 точка 43 од Статутот на Општина Берово(„Службен гласник на Општина Берово“ бр.13/02, 18/07, 30/08, 20/10, 20/19, 47/21и 30/23), а во врска со член 17-а став 2, член 26 и член 26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22 и 274/22) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите (“Службен Весник на РСМ” бр.213/2024), Советот на Општина Берово на 5-та седница одржана на 25.12.2025година донесе:
ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови
во надзорен одбор на ЈПКР “Услуга” Берово
- Предмет на јавниот повик
Јавниот повик се објавува за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови во надзорен одбор на ЈПКР “Услуга” Берово.
ЈПКР “Услуга” Берово е правно лице, со седиште на ул. “Маршал Тито” ббво Берово, чиј основач е Општина Берово со приоритетна дејност 36.000 – собирање, обработка и снабдување со вода.
Веб сајтот на претпријатието е: www.jpkrusluga-berovo.com.mk
Основна надлежност на јавното претпријатие е: собирање, пречистување и дистрибуција на вода за пиење и прехранбена вода, изнесување, депонирање на отпадоци иодржување на чистотата во градот, изградба на хидро-градежни објекти (изградба, реконструкција и поправка на надворешен водовод, канализација и др.), поставување и поправка на градежни инсталации, внатрешни водоводи, канализации, пречистување и одводнување на отпадни води, уредување на улици и сообраќајници, уредување, одржувањена јавни зелени површини (паркови и дрвореди, зелени површини на станбени згради и др.),одржување на јавно осветлување и други комунални дејност (пазарни услуги, одржување на гробишта, оџачарски услуги и сл.).
Право на пријава на јавниот повик
Сите заинтересирани лица кои сакаат да се пријават за избор на членови на надзорен одбор при ЈПКР “Услуга” Берово, согласно закон, потребно е да ги исполнуваат следните услови:
-е државјанин на Република Северна Македонија,
-има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие и
-во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
-потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија;
-Кратка биографија;
-сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.
Согласно позитивните законски прописи ќе се именуваат 3 (три) члена на Надзорниот одбор.
Освен напред наведените услови:
– еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство,
– еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и
– еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.
- Начин и рок на поднесување на пријава
Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оргинал или копија заверена на нотар заедно со пополнетата Пријава на образец за пријавување на јавен повик да ја достават лично или по пошта до архивата на Општина Берово (ул. “Димитар Влахов” бр.10 во Берово), најдоцна до 30.12.2025 година.
Образецот за пријавување на јавен повик за именување на членови на Надзорен одбор за јавното претпријатие е во прилог на јавниот повик.
Времетраењето на мандатот на именуваните членови на Надзорниот одбор е за период од 4 (четири) години, со право на уште еден последователен мандат.
Постапката за селекција на кандидатите за членови на надзорен одбор ќе ја спроведе Комисијата за селекција формирана од Советот на Општина Берово.
Комисијата за селекција на избор на членови во управниот одбор ќе изврши постапка за селекција во две фази:
– Фаза 1 – административна селекција и
– Фаза 2 – интервју
Точниот датум и место на одржување на интервју ќе се објави на веб страната на општина Берово.
Начинот на бодирање за секоја од фазите на селекција поединечно ќе се врши согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите (“Службен Весник на РСМ” бр.213/2024).
Од страна на Комисијата се подготвува и до основачот на јавното претпријатије се доставува ранг-листа од најмногу 10 најдобро рангирани кандидати најдоцна 10 дена од денот на завршувањето на интервјуто.
Врз основа на ранг-листата од страна на Комисијата се изготвува предлог на кандидати за членови надзорниот одбор на јавното претпријатие и се доставува до основачот на јавното претпријатие, заради донесување на одлука за именување на членови на надзорниот одбор на јавното претпријатие.
Советот на Општина Берово во рок од 15 дена од приемот на предлогот, ќе изврши соодветен избор од предложените кандидати и ќе донесе одлука за именување на членови на надзорен одбор на ЈПКР “Услуга” Берово.
Основачот на јавното претпријатие најдоцна 15 дена од денот на приемот на предлогот донесува одлука за именување на членови во надзорниот одбор на јавното претпријатие од редот на најдобро рангираните кандидати.
Незадоволните кандидати од изборот за членoви во надзорниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.
Бр.09-4634/2 СОВЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО
25.12.2025 година Претседател
Берово Владко Шахпаски
