Со 14 гласа ЗА и еден воздржан советник, Советот на Општина Берово на денешната седница, го усвои Буџетот на Општина Берово за 2026 година.
По донесувањето на Буџетот, градоначалникот на Општина Берово, изрази благодарност до советниците, за конструктивната дискусија и поддршката, при носењето на Буџетот на Општина Берово за 2026 година, кој претставува основа за понатамошен локален развој.
Вкупниот Буџет на Општина Берово за 2026 година изнесува 463.000.000 денари, и претставува реална, внимателно планирана и одговорна финансиска рамка, со следната структура:
Вкупен буџет
- Тековно-оперативни расходи: 375.399.658 денари (81%)
- Капитални расходи: 87.624.342 денари (19%)
Основен буџет
162.138.592 денари (2.636.400 евра)
- Тековно-оперативни расходи: 86.922.584 денари (54%)
- Капитални расходи: 75.216.008 денари (46%)
Буџет на самофинансирачки активности
27.008.000 денари (439.154 евра)
- Тековно-оперативни расходи: 25.565.000 денари (95%)
- Капитални расходи: 1.443.000 денари (5%)
Програми:
- Програма К2 – 295.000 денари
- Програма Н1 – 155.000 денари
- Програма Н2, НБ – 750.000 денари
- Програма В1, ВА – 8.120.000 денари
- Програма В2, ВБ – 17.688.000 денари
Буџет на дотации
249.973.484 денари (4.064.609 евра)
- Тековно-оперативни расходи: 242.395.964 денари (97%)
- Капитални расходи: 7.577.520 денари (3%)
Програми:
- Програма К – 6.510.096 денари
- Програма Н1 – 114.347.000 денари
- Програма Н2 – 44.874.000 денари
- Програма В1 – 38.000.000 денари
- Програма В2 – 22.242.388 денари
- Програма Њ0 – 22.000.000 денари
Буџет на донации
23.903.924 денари (388.682 евра)
- Тековно-оперативни расходи: 20.516.110 денари (86%)
- Капитални расходи: 3.387.814 денари (14%)
Со ваквата распределба на средствата, Општина Берово го става фокусот на проекти од суштинско значење, како што се подобрување на патната и комуналната инфраструктура, инвестиции во образованието, поддршка на спортот и културата, унапредување на социјалната заштита и заштитата на животната средина. Посебно внимание е посветено и на рационално и домаќинско трошење на јавните средства.
Буџетот за 2026 година е развоен, изготвен е врз основа на реалните потреби на граѓаните и претставува резултат на спроведени анализи, предлози и приоритети произлезени од директна комуникација со локалната заедница, преку форуми во заедницата, јавен повик за невладини организации, онлајн предлози и бројни неформални средби.
Во претстојниот период, Општина Берово ќе обезбеди транспарентна и отчетна реализација на Буџетот, со редовно информирање на јавноста за текот на проектите и трошењето на буџетските средства.
Општина Берово останува посветена на одговорно управување и континуиран развој, со цел обезбедување стабилен напредок и конкретни резултати, кои ќе бидат видливи и почувствувани од сите граѓани.
