Општина Берово започна со активности за крпење на ударни дупки

Општина Берово започна со активности за крпење на ударни дупки и санација на прокопи на повеќе локации на територијата на општината.

Со овие зафати ќе бидат санирани оштетувањата на коловозите на улиците, со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и квалитетот на секојдневното движење на граѓаните.

Ќе  бидат санирани вкупно 516 метри квадратни, оштетен коловоз.

Вредноста на договорот изнесува 998.563,00 денари, средствата ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Берово,  а активностите  се реализираат во согласност со утврдената динамика.

Апелираме  до граѓаните за разбирање и внимателно учество во сообраќајот, за време на изведбата на работите.

Горе