Денеска се одржа јавна дебата за дефинирање на приоритети за претстојниот јавен повик за граѓански организации

Денеска, во големата сала на Општина Берово, се одржа јавна дебата за дефинирање на приоритети за претстојниот јавен повик за граѓански организации, кој се планира да биде објавен на почетокот на 2026 година.

На јавната дебата се обрати Градоначалникот на општина Берово, Петар Ружински, кој упати благодарност до Програмата за развој на Обединетите нации УНДП, што преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), која е финансирана од Европската унија (ЕУ), дава можност за подигање на капацитетите на граѓанскиот сектор во Берово и можност за реализација на проекти на локално ниво.

На јавната дебата, присуствуваа заинтересирани граѓани и претставници на граѓанскиот сектор, кои имаа можност активно да се вклучат во дискусијата и да дадат свои идеи, предлози и мислења во насока на утврдување на приоритетите на ниво на Општина Берово.

Целта на дебатата беше да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес при креирањето на приоритетите за јавниот повик, како и подобро планирање и реализација на иницијативи кои ќе придонесат за локален развој, подобрување на животната средина, социјална инклузија и други области од јавен интерес.

Дефинирањето на приоритетите на ниво на Општина Берово, претставува важен чекор кон поефикасна поддршка на граѓанските иницијативи и одржлив локален развој.

Горе