Градоначалникот Ружински оствари прием на учесниците од „МАKИНОВА“ и „ЕКОНОВА“

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, денеска, во просториите на локалната самоуправа, оствари прием, на учесниците и нивните ментори, кои неодамна го претставуваа Берово, на „46 МАKИНОВА“ и „ 23 ЕКОНОВА“, што се одржаа во средното училиште „Киро Спанџов – Брко“ во Кавадарци, во организација на  Народна техника на Македонија и СПАТУМ.

Градоначалникот Ружински им го честита постигнатиот успех на младите иноватори, изразувајќи гордост за нивниот ангажман и креативност. Тој посочи дека нивниот труд е потврда за квалитетната работа, учење и поддршката на нивните ментори, упатувајќи им честитки и желби за постигнување на уште поголеми успеси во иднина.

За време на приемот, учениците имаа можност да ги споделат своите искуства од натпреварите, да зборуваат за проектите што ги развивале и за предизвиците и мотивацијата кои ги воделе во процесот на иновација.

 

„МАКИНОВА“ и „ЕКОНОВА“ се манифестации со долгогодишна традиција, кои ги обединуваат учениците од земјата и регионот преку креирање и промовирање иновативни решенија што го олеснуваат секојдневието, работните процеси и остварувањето на различни општествени цели.

Горе