Општина Берово организира јавна дебата за дефинирање на приоритети на претстојниот јавен повик за граѓански организации

Општина Берово, ги поканува сите заинтересирани граѓани и претставници на граѓанскиот сектор, да присуствуваат на јавна дебата, за дефинирање на приоритети за претстојниот јавен повик за граѓански организации, која ќе се одржи на ден 15 декември 2025 (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во големата сала на Општина Берово.

Целта на дебатата е дефинирањето на приоритети за претстојниот јавен повик, кој ќе биде наменет за граѓански организации, а кој се планира да биде објавен на почетокот на 2026 година и да се соберат идеи, предлози и мислења од локалната заедница, со цел подобро планирање и реализација на иницијативи кои ќе придонесат за локален развој, подобрување на животната средина, социјална инклузија и други области од јавен интерес.

Дефинирање на приоритетите на ниво на општина Берово

1.Локален економски развој и туризам

1.1  Активности и настани за промоција и развој на туристичките потенцијали

1.2.Проектни активности за поттикнување и унапредување на традиционални производи и ракотворби за промоција на туризмот

2. Култура и културно наследство

2.1 Подршка на проекти за зачувување и афирмација на материјалното и нематеријалното културно наследство и традицијата

2.2 Подршка на Проекти за организирање на културни настани на територија на општина Берово

3. Социјална заштита и човекови права

3.Реализација на активности и програми за социјалната сигурност, спречување на социјалната исклученост и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на територијата на општина Берово

3.2 Проекти за спречување секаков вид на насилство, унапредување на човековите права, спречување на дискриминација и поттикнување на еднакви можности (родова еднаквост)

4. Животна средина, енергетска ефикасност и климатски промени

4.Подршка на активности и проекти со иновативен пристап за заштита на животната средина, биодиверзитетот и подигање на јавната свест.

4.2 Проекти за намалување на енергетската сиромаштија, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

5. Mлади и спорт

5.1 Поддршка на спортски и рекреативни активности, настани,  програми и инклузија на деца со пореченост

5.2 Подршка на младински иницијативи, волонтеризам  и промовирање на младинско учество во креирање на локални политики.

Јавната дебата е дел од соработката меѓу Општина Берово и Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Општина Берово ги охрабрува сите засегнати страни да земат активно учество и да дадат свој придонес во креирањето на приоритетите, што ќе влијаат врз развојот и квалитетот на живот во локалната заедница.

Вашето учество е од голема важност за обезбедување транспарентен, инклузивен и ефикасен процес на планирање и финансирање на иницијативи од јавен интерес.

За детални информации, можете да се обратите кај лицето:

Ѓорѓи Пеовски – координаторот за проектот ReLOaD3 од Општина Берово

тел. бр. 071/302-604

Горе