ЈАВЕН ПОВИК За пријавување за користење на слободна јавна површина за време на Новогодишната прослава за 2026 година, на плоштад “Димитар Беровски” Берово, во периодот од 01.01.2026 година, до 04.01.2026 година

Врз основа на член 2, од Одлука за ослободување од плаќање на надоместок,  за користење на тезги и јавни површини за учесниците на Новогодишниот базар, за време на Новогодишната прослава за 2026 година , која Советот на Општина Берово, ја донесе на 4-тата Седница, одржана на ден 5.12.2025 година, Општина Берово, распишува:

 

ЈАВЕН ПОВИК За пријавување за користење на слободна јавна површина  за време на Новогодишната прослава за 2026 година, на плоштад “Димитар Беровски” Берово, во периодот од 01.01.2026 година, до 04.01.2026 година

 

Општина Берово, ги повикува сите заинтересирани  правни и физички лица, да се пријават за користење на јавна површина, за поставување на штандови за време на Новогодишната прослава за 2026 година на плоштад “Димитар Беровски” Берово, во периодот од 01.01.2026 година до 04.01.2026 година.

Учесниците  на Новогодишниот базар и учесниците кои ќе користат јавни површини за време на Новогодишната прослава за 2026 година, се ослободени од плаќање на надоместок.

Начин на пријавување

Сите заинтересирани правни и физички лица, потребно е да достават пријава, до Архива на Општина Берово, со назнака ,,Пријава за користење на јавна површина за време на Новогодишен Базар.

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВА

Пристигнатите  пријави ќе бидат разгледани од страна на Комисија, формирана од  страна на Градоначалникот на општина Берово и локациите ќе бидат одобрени  со Решение.

При разгледување на пристигнатите пријави, за локациите, ќе се применува само принципот „Прв дојден, прв услужен“

Сите учесници, своето учество, задолжително го пријавуваат пред надлежните органи во Управата за јавни приходи.

Рок за пријавување

26.12.2025 година

ОПШТИНА БЕРОВО

Градоначалник

ПЕТАР РУЖИНСКИ

Горе