Општина Берово изврши исплата на повеќе видови финансиска поддршка наменета за различни категории граѓани.
Средствата се наменети за поддршка, мотивација и подобрување на условите за живот и образование. 💼💙
💰 Исплатени се:
🏅 30.000 денари за првенец на генерација – поддршка за најдобрите ученици.
Поддршка и признание за најуспешните ученици. Горди сме на вашите постигнувања! 📚✨
👶 49.000 денари за новороденче –Финансиска поддршка за семејствата, кои се збогатија со нов член. Добредојде на најмалите! 💞👼
🚘 40.000 денари – за млади лица за полагање возачки испит (Б категорија)
Поддршка на младите за полесен чекор кон самостојност.. 🛣️💡
♿ 20.000 денари – за лица со попреченост
Поддршка за подобрување на секојдневието и поголема инклузија. 🤝💚
🎓 66.000 денари – за студенти
Инвестиција во знаење, образование и идни професионалци. 🎓📘
✨ Овие финансиски средства, се дел од континуираните напори на општината за поголема поддршка, рамноправност и подобри услови за живот.
Заедно создаваме подобра, поодржлива и посилна заедница! 💙🤝
