Врз основа на член 20-г став 1 и член 21 а во врска со член 22 став 1 алинеја 2, став 3 и став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016,35/2018, 198/2018 и Службен весник на РСМ бр. 143/2019, 14/2020 и 208/2024), член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи (Службен весник на РМ бр. 62/2005……….120/2018 и Службен весник на РСМ бр. 110/2019,267/2020, 151/2021,288/2021,111/2023,39/2025, 74/25 и 124/25),Правилникот за систематизација на работни места во Општина Берово бр. 01 – 1017/1 од 29.12.2015 година, 01-1117/2 од 13.04.2016 година, 01-1566/2 од 15.06.2016 година, број 01-2593/4 од 19.12.2016 година, 01-617/1 од 22.03.2017 година, 01-389/1 од 30.01.2018 година, 01 – 1868/1 од 01.06.2018 година, 01 – 2757/1 од 27.08.2018 година, 01 – 2157/1 од 21.06.2019 година, 01 – 2772/1 од 06.08.2019 година, 01 – 3421/1 од 25.09.2019 година, 01 – 2003/1 од 23.06.2020 година, 01 – 137/1 од 13.01.2021 година, 01 – 1869/1 од 20.05.2021 година, 01 – 574/1 од 09.02.2022 година и 01 – 3925/1 од 17.10.2023 година, согласно Писмена согласност од Градоначалник број 04-4253/1 од 01.12.2025 година и Известување за обезбедени финансиски средства од Градоначалник број 04-4254/1 од 01.12.2025 година, Градоначалникот на Општина Берово објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС 02/2025
за вработување на определено работно време во период
од шест месеци во Општина Берово
Општина Берово објавува јавен оглас за вработување на 2 лица на определено работно време во период од шест месеци на следните работни позиции:
- Хигиеничар во Одделение за правни и општи работи, Сектор за правни и општи работи и јавни дејности во Општина Берово шифра УПР0405А03004– 1 извршител, кој ќе ги врши работните задачи од работно место на определено работно време заради привремено зголемен обем на работа, додека трае потребата на институцијата, а најдолго шест месеци,со нето плата од 26.893,оо денари.
- КВ работник за одржување на објекти (и опрема)- одржувач на јавно осветлување во Одделение за правни и општи работи, Сектор за правни и општи работи и јавни дејности во Општина Берово шифра УПР0401А04001– 1 извршител, кој ќе ги врши работните задачи од работно место на определено работно време заради привремено зголемен обем на работа, додека трае потребата на институцијата, а најдолго шест месеци, со нето плата од 26.893,оо денари.
Општите услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите согласно Законот за работни односи се:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Потребни квалификации кои треба да бидат исполнети, освен општите услови утврдени со Законот за работни односи се:
За работно место 1:
- основно или средно гимназиско образование;
- без/со работно искуство
За работно место 2:
- средно гимназиско образование или средно стручно образование -насока електро;
- без/со работно искуство
Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
- своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат со изјава за согласност за користење на лични податоци (истите можат да се подигнат и од Архивата на Општина Берово или да се превземат од веб страната на општина Берово);
- Пријавата по јавен оглас за хигиеничар, можете да ја превземете ТУКА
- Пријавата по јавен оглас за електричар можете да ја превземете ТУКА
- Изјава за користење на лични податоци, можете да ја превземете ТУКА
- кратка биографија CV не поголема од 5 страни, со задолжително наведен контакт телефон и адреса и мотивационо писмо со не повеќе од 500 зборови;
- уверение за државјанство оригинал или фотокопија заверена на нотар;
- диплома или копија заверена на нотар од диплома за завршен степен на образование кое се бара за работно место;
- лекарско уверение за општа здравствена способност како општ услов за засновање на работен однос, потпишано од доктор на медицина специјалист по медицина на труд, издадено од здравствена организација од примарната здравствена заштита која врши дејност медицина на труд;
- потврда/уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност од Основен Суд или Централен Регистар на Република Северна Македонија;
Кандидатите кои во својата автобиографија и мотивациско писмо навеле податоци дека имаат завршено повисоко образование од она што се бара во огласот, имаат работно искуство во областа, имаат познавање од странски јазици, или имаат наведено други податоци, потребно е за сите нив да достават соодветен доказ – документ во оригинал или заверена фотокопијана нотар.
Распоред на работно време:
Работно време за работно место под реден број 1 и 2:
- Работни денови од понеделник – петок
- Работни часови неделно – 40
Работно време од 07:30 часот до 15:30 часот
Потребната документација во оригинал или копија заверена на нотар да се достави непосредно до Архива на Општина Берово или по пошта на следнава адреса: Општина Берово, ул. „Димитар Влахов” бр. 10, 2330 Берово, (со назнака „за Јавен оглас број 02/2025 ” а на другата страна на ковертот и да се наведе работното место за кое се аплицира).
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Рокот за доставување на потребната документација е 8 (осум) дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат, сметајќи го и денот на самото објавување.
Пријавите кои ќе бидат поднесени по истекот на рокот нема да бидат предмет на разгледување. Пријавите се доставуваат преку архивата на Општина Берово или со препорачана пратка по пошта.
Постапката за избор на кандидатите ќе ја спроведе Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Берово.
При склучувањето на договорот за вработување работодавачот може да го провери знаењето, односно способноста на кандидатот за вршење на работата за којашто се склучува договорот за вработување.
Општина Берово ќе изврши избор во рокот пропишан согласно Законот за работните односи.
Со изберените кандидати ќе биде склучен договор за вработување во писмена форма, по конечноста на одлуката за избор.
Бр. 04 –4255/1 Општина Берово
01.12.2025 година Градоначалник
Берово Петар Ружински
