Се известува населението на Општина Берово, дека во наредниот период започнуваат активностите за рушење на постоечки објект кино сала во Берово.
Се моли населението, да покаже стрпливост и трпение за време на спроведување на целата постапка, поради можни краткотрајни ограничувања и зголемена динамика на теренот.
Воедно, Ве известуваме дека контејнерите за отпад, кои претходно се наоѓаа на локација -зад Дом на културата ,,Димитар Беровски” – Берово, се преместени и се поставени зад Маркет ДИМ, со цел непречено и безбедно извршување на сите активности поврзани со рушењето.
