Примопредавање на градоначалничката функција во Општина Берово

Денеска, во просториите на Општина Берово, се одржа официјалното примопредавање на градоначалничката функција, помеѓу досегашниот градоначалник Звонко Пекевски и новоизбраниот градоначалник Петар Ружински.

Во достоинствена и топла атмосфера, двајцата градоначалници, го потврдија значењето на континуитетот, одговорноста и посветеноста во служба на граѓаните.

Беа  потпишани записниците за примопредавање, со што новиот градоначалник официјално ја презеде одговорноста за раководење со општината.

Досегашниот градоначалник, му посака успешна работа на новиот градоначалник, изразувајќи благодарност за соработката со граѓаните и општинската администрација во изминатиот период.

Новиот градоначалник Петар Ружински, со искрени зборови на благодарност ја превзеде одговорноста,  да ја води Општина Берово, во наредните четири години.

Денешниот чин, не означува само промена на функцијата, туку претставува континуитет на визијата за подобра иднина, во која заедно, градоначалникот, администрацијата и граѓаните, ќе ја градат својата општина со љубов, труд и посветеност.

Потоа следуваше кратка средба на новиот градоначалник, со вработените во Општина Берово, на која тој изрази благодарност за нивната посветеност и очекување за заедничка и успешна соработка во иднина.

Горе