Денеска Општинската изборна комисија, во Берово, ги додели уверенијата на новиот градоначалник и на новиот состав на членови на Совет на општина Берово.
За нов градоначалник на Општина Берово, согласно изборниот резултат од 19 октомври 2025 година, е избран Петар Ружински, а нови членови на Советот на Општина Берово се:
Владко Шахпаски
Горан Ружински
Емилија Пачемска
Николчо Беќарски
Игорчо Жежовски
Весна Ралповска
Емилија Галабовска Биљарска
Влатко Чукарски
Даниел Черговски
Гоце Ружински
Зоран Багашовски
Тања Шенковска
Лилјана Бојчовски
Маја Тушевска и
Илија Цикарски.
Претседателот на Општинската изборна комисија, Драган Страторски, честитајќи им на новите народни избраници, им посака многу успех и реализација на голем број проекти. Исто така тој упати голема благодарност за тимската соработка, до членовите на општинската изборна комисија и до членовите на избирачките одбори, до меѓународните и домашни набљудувачи на изборниот процес и до сите кои на некој начин придонесоа кон успешно заокружување на процесот.
Кон присутните се обрати новоизбраниот градоначалник на Општина Берово, Петар Ружински, кој исто така се заблагодари на сите, кои придонесоа за успешна реализација на изборниот процес, заблагодарувајќи се за довербата која што му ја дадоа граѓаните , додавајќи дека ќе работи во интерес на подобар живот, за сите граѓани на Општина Берово.
Општинската изборна комисија упати честитки до сите за новите мандати и порача сите да работат обединети, да се почитуваат меѓусебно и да си ги почитуваат различностите, бидејќи силата на едно општество е во заедништвото а силата на општината е во тоа колку секој поединечно, во рамките на своите знаења и искуства ќе придонесат кон нејзиниот развој.
На градоначалникот му посака успешно да се справува со предизвиците кои следуваат, да биде лидер кој со својата вредност и посветеност ќе инспирира кон работа и труд, да биде партнер на бизнис секторот, особено на локалните бизниси, да работи на надградување на туристичката приказна, да биде двигател на културниот развој, да работи на унапредување на условите за учење и да даде свој придонес кон обезбедување на поголема социјална сигурност на оние на кои им е потребна.


























