Почитувани жители на Општина Берово,
Изминува уште една година на доверба, година на реализација на голем број проекти и година на создавање на подобри услови за живот за сите граѓани.
Како градоначалник на Општина Берово, заедно со тимот на локалната самоуправа, се водевме со единствена мисла: секоја инвестиција, секој проект и секое вложување, мора да има вистинска корист за граѓаните на Берово.
Во изминатите 4 години, вложувавме во сите области од локалниот живот. Изградивме и реконструиравме голем број локални улици и патишта, нови тротоари, јавно осветлување и водоводни системи, вложивме во реконструкција на училишта, спортски и рекреативни терени, поддржавме бројни културни манифестации, обезбедивме услови за социјална сигурност, вложивме во чиста животна средина и заштита на Малешевијата, промовирајќи го Берово, како туристички бисер, со уникатна природа и унапредувајќи ги сите сфери во општественото живеење.
Во овој ОТЧЕТ се опфатени поголемите проектите кои се реализирани во периодот од 2021 до 2025 година.
Отчетот можете да го погледнете на следниот линк:
Отчет за реализираните дела на Градоначалникот на Општина Берово за периодот од 2021 до 2025 година
Овие и бројни други проекти, се активностите кои ги превземаме за посилна и помоќна општина.
Благодарност до Советниците во Советот на Општина Берово, до општинската администрација и до сите, кои на некој начин, дадоа придонес, во реализација на проектите за поубаво и поурбано Берово.
Ваш градоначалник
Звонко Пекевски
