Градоначалникот Пекевски изврши увид во градежните работи за асфалтирање на ул.,,Јане Сандански” во с. Русиново

Градоначалникот Пекевски денеска изврши увид на градежните работи, на улицата „Јане Сандански“ во село Русиново, каде што во тек се активности за асфалтирање на улицата.

Проектот опфаќа реконструкција на дел од улицата, со должина од приближно 180 метри и широчина од 3 метри, како и изведба на систем за одводнување на атмосферските води. Со тоа се обезбедува трајна заштита на коловозната површина и значително се подобруваат условите за движење на жителите.

Со реализацијата на овој проект, Општина Берово продолжува со унапредување на локалната патна инфраструктура, со што се зголемува и безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Претходно, на истата улица, од страна на ЈПКР „Услуга“ Берово, беше извршена целосна замена на водоводните цевки, со што е обезбедено трајно и квалитетно водоснабдување за жителите кои живеат на оваа улица.
За реконструкција на улицата „Јане Сандански“ во с. Русиново, од Буџетот на Општина Берово за 2025 година, се издвоени средства, во висина од 775.446,00 денари.
Горе