Кандидатите за градоначалници на Општина Берово, денеска, свечено, го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Со потпишувањето, тие се обврзаа дека, ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење, како и дека ќе придонесуваат кон демократскиот развој на општеството.
Во духот на заемна почит и толеранција, кандидатите си подадоа рака, како симболичен чин, на заложба за фер политичка конкуренција и почитување на изборната волја на граѓаните.
Со овој чин, Општина Берово, уште еднаш испраќа порака, дека изборите се процес, кој треба да се одвива во фер, демократска и достоинствена атмосфера, во интерес на граѓаните и идниот развој на заедницата.
Претседателот на Општинската изборна комисија, Драган Страторски, им посака на кандидатите фер и успешни избори, изразувајќи надеж дека процесот ќе помине во најдобар ред, без никакви проблеми, нагласувајќи дека сите кандидати се добри и додавајќи дека на Берово му е потребна инвестиција, која треба да ја обезбеди оној што ќе победи на изборите.
Кон честитките се приклучија и сите членови и заменици, на Општинската изборна комисија.









