Реализирана превентивна активност на тема: „Паметно купување и безбедно возење – тротинети и мотори ‘‘

Вчера, во периодот од 18:30 до 19:30 часот, во с.Ратево – Општина Берово, од страна на ОВР Берово, во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, беше реализирана превентивна едукативна активност, : „Паметно купување и безбедно возење-тротинети и мотори“.
Последниве години, расте бројот на моторциклисти и корисници на електрични тротинети во Македонија.
Новиот начин на движење, носи поголема мобилност, но и нови ризици на патиштата.
Целта на оваа акција, е да се разбере законската рамка, превентивните мерки и улогата на родителите во воспитувањето на децата.
Препораките предвидуваат минимална возраст 14 години, за лица кои се јавуваат како учесници во сообраќајот со тротинет, при што лица под 14 години, не треба самостојно да управуваат со електрични тротинети на улица.
Заради поголема безбедност, препорачливо е користење на заштитна кацига, штитници за колена, лакти и рефлективни елеци.
Во рамки на работилницата, на
родителите им е укажано дека треба да обезбедат соодветна големина и исправност на возилото: мотор, електричен тротинет, каде што се упатени на законските одредби во овој дел.
ЗАЕДНИЧКИ АПЕЛ ДО СИТЕ РОДИТЕЛИ Е:
✅️да не се купуваат електрични тротинети на мали деца
✅️да разговараат со децата за основните правила во сообраќајот
✅️ Да ги учат децата дека кацигата не е избор, туку задолжителна опрема за заштита.
✅️Да возат заеднички, на безбедни локации, заради вежбање
✅️ да бидат пример, за своите деца, преку сопственото однесување.
АПЕЛ ЗА ДЕЦАТА:
✅️ Безбедноста е поважна од брзината
✅️Секогаш кога возите тротинет, носете кацига
✅️ Возете внимателно, особено на места каде де движат пешаци
✅️ Не возете во група,
✅️ Избегнувајте нагли движења.
✅️ Бидете претпазливи при преминување улица – дури и во случаите кога имате предност.
БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТИШТАТА ЗАВИСИ ОД СЕКОЈ ЕДЕН ОД НАС
Со почитување на законите, со носење на заштитна опрема и со добра едукација на децата, можеме да спречиме многу несреќи и да зачуваме животи.
Родителите се првиот пример за безбедно однесување во сообраќајот:
✅️Научете ги децата дека кацигата и правилата не се товар, туку заштита.
✅️Со дисциплина и внимание, секој може безбедно да стигне дома.
Во рамки на спроведување на активноста, беше делен и едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП, а со цел превенција, заштита и воедно зголемување на совеста на учесниците во сообраќајот за безбеднос на сите учесници во сообраќајот.
Горе